Славни парови кои неколкупати се обидуваа да ја „спасат“ врската но, никако не им успеа

Некои од славните парови навистина сакаа нивната врска да „опстане“, па затоа ѝ даваа и повеќе шанси. Но, никако не им успеваше.

slavni-parovi-koi-nekolku-pati-se-obiduvaa-da-ja-spasat-vrskata-no-nikako-ne-im-uspeaa+01.jpg

Се сеќавате ли на турбулентната врската на Селена и Џастин, пред Џастин минатата година да се венча со Хејли Болдвин? Или, пак, врската на Мајли и Лиам, која се чини дека никогаш не издржуваше повеќе од неколку месеци?

Ние издвоивме 5 славни парови кои на нивните врски им дадоа повеќе од една шанса, но никогаш не успеаа да „застанат“ цврсто на нозе.

Во продолжение погледнете кои славни парови неколкупати се обидоа да ја „спасат“ врската, но не им успеа:

Селена Гомез и Џастин Бибер

Селена и Џастин почнаа да се состануваат на почетокот од 2011, но за брзо се разделија и почнаа да живеат различни животи.

Во септември 2014 повторно почнаа насекаде да се појавуваат како пар, но не издржаа ни еден месец пред повторно да се разделат.

Последната шанса што ѝ ја дадоа на нивната врска беше на почетокот од 2018, но ниту тогаш не издржаа долго пред да раскинат.

slavni-parovi-koi-nekolku-pati-se-obiduvaa-da-ja-spasat-vrskata-no-nikako-ne-im-uspeaa+02.jpg

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

Првпат се запознаа за време на снимање филм во 2009, а оттогаш па наваму ѝ дадоа многу „втори“ шанси на нивната врска. Но, изгледа никоја не им успеа.

Се верија за првпат во 2012, но една година подоцна ја раскинаа веридбата. Потоа, во 2018 повторно се верија, па дури и венчаа, но нивниот брак не издржа ни една година, пред целосно да се растури.

Овој јануари нивниот развод конечно беше финализиран.

slavni-parovi-koi-nekolku-pati-se-obiduvaa-da-ja-spasat-vrskata-no-nikako-ne-im-uspeaa+03.jpg

Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Првпат се венчаа во 2005, а по три деца и 10 години брак, во 2016 објавија дека се разделуваат. Во 2017 одлучија да ѝ дадат втора шанса да нивната врска, која беше целосно неуспешна, пред конечно да се разведат во 2018.

slavni-parovi-koi-nekolku-pati-se-obiduvaa-da-ja-spasat-vrskata-no-nikako-ne-im-uspeaa+04.jpg

Ријана и Дрејк

Откако Ријана раскина со Крис Браун во 2009, својата утеха ја најде во Дрејк. Во едно интервју во 2011, Дрејк изјави дека бил повреден од страна на Ријана и дека нивната врска завршила.

Во март 2014 повторно беа забележани рака за рака во Лондон, а дека се повторно заедно потврдија во 2016 за време на VMA наградите, кога Дрејк јавно ѝ се заблагодари на Ријана во неговиот говор. Но, неколку месеци подоцна повторно раскинаа.

Откако деновиве насекаде се рашири веста дека Ријана раскина со нејзиното долгогодишно момче, почнаа повторно да се шират шпекулации дека можеби овој пар повторно ќе се смири. Но, засега, тоа се само шпекулации.

slavni-parovi-koi-nekolku-pati-se-obiduvaa-da-ja-spasat-vrskata-no-nikako-ne-im-uspeaa+05.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg