Своето дете го нарекувала тумор и одбивала да го дои - Што се случило со синот на Брижит Бардо?

Штом 25-годишната актерка Брижит Бардо дознала дека е бремена, веднаш се обидела да најде лекар кој ќе се согласи на абортус. Но, во Франција ваквите зафати биле забранети, па никој не се нафатил.

svoeto-dete-go-narekuvala-tumor-i-odbivala-da-go-doi-sto-se-slucilo-so-sinot-na-bridzit-bardo-1.jpg

Актерот Жак Шарие бил татко на детето, па ја наговорил актерката да се откаже од абортус и да се омажи за него.

Последните месеци од бременоста за Брижит биле кошмар. Престанала да излегува од домот, па дури и одлучила да се породи во спалната соба, без да отиде до болница.

На 11-ти јануари 1960-та година родила синче кој го добил прекрасно француско име – Николас.

„Беше како тумор кој ме јадеше, кој го носев во своето потечено тело,“ напиша актерката во своите подоцнежни мемоари.

Одбивала да го храни бебето, бидејќи полудела поради нехуманата улога на медицинска сестра, која сметала дека ја добила откако родила дете.

Првите фотографии од тричленото семејство биле направени на денот на раѓањето на Николас, а речиси и да немало таблоид кој не ги објавил.

svoeto-dete-go-narekuvala-tumor-i-odbivala-da-go-doi-sto-se-slucilo-so-sinot-na-bridzit-bardo-2.jpg

Нејзиниот сопруг Жак се надевал дека по породувањето на Брижит ќе ѝ се роди и мајчинскиот инстинкт, но актерката покажувала нежност и љубов кон детето само за време на сликањето.

Се плашела дека ќе го изгуби шармот и наклонетоста на машката популација, односно дека сите ќе ја доживуваат како мајка.

Детето го чувствувало нејзиниот отпор, па секојпат кога било во нејзини раце – плачело.

svoeto-dete-go-narekuvala-tumor-i-odbivala-da-go-doi-sto-se-slucilo-so-sinot-na-bridzit-bardo-3.jpg

Набрзо Брижит го напуштила сопругот, па тој побарал развод и право самостојно да го израсне синот. На судењето Брижит одбила да се бори за старателство над детето. Сметала дека некој треба да се грижи за неа, а не таа да се грижи за детето.

Кога Николас имал 12 години дошол кај неговата мајка со желба да помине некое време со неа, меѓутоа Брижит го вратила кај неговиот татко со изговор дека вечерта имала важен настан. Потоа, Николас неколку години одбивал да ја види својата мајка.

Кога момчето пораснало, Брижит се обидела да го поправи односот, но безуспешно.

„Сега имам 47 години и го имам својот син Николас, моето семејство и поддршка. Го сакам најмногу на светот,“ напишала во своите мемоари, но изгледа е доцна за каење и извинување.

Николас студирал економија на Универзитет во Париз. Обожавал музика. Научил да свири клавир, да компонира песни, да прави аранжмани.

На 22-годишна возраст почнал да се занимава и со манекенство. На една од ревиите запознал манекенка, ќерка на дипломат, и со неа се венчал во 1984-та година. Брижит Бардо не била поканета на венчавката.

Среќниот пар по неколку месеци го добил првото дете, а во 1990-та година Николас ја добива својата втора ќерка. Две години потоа, со желба да ги запознае внуките, Брижит Бардо воспоставила контакт со синот за нивно повторно зближување, но добила само ладно примирје.

Николас одамна го напуштил манекенството и денес се занимава со програмирање.

На прашањето на новинарите зошто не е во добри односи со неговата мајка, Николас одговара: „Таа ги сака своите крзнени капути, јас го сакам моето семејство.“

svoeto-dete-go-narekuvala-tumor-i-odbivala-da-go-doi-sto-se-slucilo-so-sinot-na-bridzit-bardo-4.jpg

svoeto-dete-go-narekuvala-tumor-i-odbivala-da-go-doi-sto-se-slucilo-so-sinot-na-bridzit-bardo-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg