Бијонсе и Џеј Зи докажаа дека се најмоќниот пар на Roc Nation забавата пред Греми наградите (фото)
- Детали
- недела, 26 јануари 2020
Вечерва ќе се одржи 62-рото доделување на Греми наградите. Но Бијонсе и Џеј Зи порано ја почнаа прославата, на годишниот бранч пред доделувањето.
Настанот е организиран од компанијата на Џеј Зи, Roc Nation, и ѝ претходни на најважната ноќ за музичката индустрија.
Познатиот музички могул и поп-дивата беа придружени од долгогодишниот дизајнер на Џеј, Џун Амброс, како и раперот Шон Диди Комбс.
Бијонсе ги истакна облините со краток сив фустан со длабоко деколте.
Џеј Зи, пак, одбрал светло розов сатенски костим со бела кошула.
Без сомнение, парот изгледа подобро од кога било и во саботата уште еднаш покажаа зошто се најмоќното дуо во музичката индустрија.
Спирова С. | Црнобело