Ријана со блескав златен фустан на бранчот пред Греми наградите (фото)
- Детали
- недела, 26 јануари 2020
Можеби Ријана нè остава во исчекување за нејзиниот нов албум, но пејачката продолжува да ги поддржува нејзините колеги.
Во саботата, на бранчот пред доделувањето на Греми наградите, Ријана се дружеше со диџеј Калид.
31-годишната пејачка носеше светкав златен фустан, што го искомбинирала со златна голема јакна.
И годинава Ријана немаше материјал за номинација за Греми, но затоа нејзината модна империја House of Fenty станува сè поголема.
Бидејќи неодамна пејачката ја прекина врската со милијардерот Хасан, почнаа да се шират гласини дека можеби ја обновила романса со Дрејк или A$AP Rocky, токму кога ќе треба да си најде состанок за црвениот тепих.
Спирова С. | Црнобело