Сѐ уште флертуваат и си праќаат пораки - Факти за врската на Бред и Џенифер после разводот
- Детали
- недела, 26 јануари 2020
Додека беа заедно, Бред Пит и Џенифер Анистон беа златниот пар на Холивуд.
Но, тие беа во брак само неколку години пред Бред да ја започне врската со Анџелина Џоли.
Иако поминаа дури 15 години од нивната разделба, врската на овој холивудски пар е тема на разговор до денес. Очигледно, на фановите никогаш не им е доста од нив.
За таа причина, погледнете неколку интересни факти за врската на Џенифер и Бред после нивната разделба:
На Џенифер ѝ требало долго да ја преболи разделбата
Иако Џенифер има изјавено дека пред крајот почнале да се оддалечуваат со Бред, сепак била многу повредена кога се разделиле.
Бред долго време чувствувал вина
Во многу интервјуа, Бред има изјавено дека му било криво што бракот завршил на тој начин.
Бидејќи актерот веднаш започна врска со Анџелина, фановите остро го осудуваа и повеќето застанаа на страната на Џенифер.
Џенифер изјави дека Бред не е злобен, туку бесчувствителен
Во периодот кога Анџелина велеше дека со задоволство сака да работи со Бред, Џенифер велеше дека Бред бил бесчувствителен, но не и злобен.
Наводно, актерката смета дека тој не се обидувал намерно да ја повреди.
Оттогаш и двајцата имаат уште по еден развод
После разделбата, и Бред и Џенифер најдоа нова љубов, но повторно се разведоа.
Сепак, разводот на Бред и Анџелина привлече многу повеќе внимание од разводот на Џенифер и Џастин Теру.
Теру изјави дека разводот бил болен, но нежен. Од друга страна, додека траеше разводот на Бред и Анџелина, актерот беше обвинет за неверство и проблеми со зависност, па веројатно тоа привлече повеќе внимание.
Бред ги разгневи фановите со изјавата дека Џенифер е досадна
Додека зборуваше за причините за нивната разделба, Бред изјави дека животот му бил здодевен и бракот не бил тоа што замислувал.
Фановите се разгневија што ја нарече Џенифер здодевна, по што актерот се извини.
Бред го побарал бројот на Џенифер
Според некои извори, Бред го барал бројот на Џенифер за да ѝ пишува пораки.
Наводно, Бред ѝ честитал роденден преку порака, а постојат гласини и дека некој период се допишувале.
Сепак, зад ова нема никаква романтична причина.
Фановите сонуваат за нивното смирување
До денес фановите се надеваат дека можеби Бред и Џенифер повторно ќе завршат заедно.
После средбата на SAG наградите годинава, желбата за ова како да се зголеми.
Џенифер ги чува пораките од нивниот брак
Се дозна дека Џенифер ги чувала слатките пораки што ѝ ги праќал Бред додека беа заедно.
Можеби фановите се надеваат дека ова е знак дека ќе се смират, но речиси секој чува предмети што го потсетуваат на убави времиња.