Ким ја криела тајната за Брус 15 години, не зборува со Клое: 13 изненадувачки факти за Кејтлин Џенер
- Детали
- сабота, 25 јануари 2020
Поранешниот олимпиец привлече огромно внимание кога во 2015-та изјави дека ќе си го промени полот.
Кејтлин, која уште од детството имала проблеми со нејзиниот идентитет, чекала речиси цел живот за да го покаже своето вистинско јас. Ѝ биле потребни години да собере храброст и конечно да ја започне нејзината трансформација.
Во нејзините мемоари „The Secrets of my Life“ таа откри навистина сочни детали за нејзиниот живот, а во последно време почнуваат да се дознаваат и други тајни.
Погледнете ги изненадувачките факти за Кејтлин што веројатно не сте ги слушнале досега:
Ја испуштила венчавката на син ѝ
Броди Џенер и неговата поранешна сопруга се венчаа на Бали минатата година. Според Броди, Кејтлин не дошла на венчавката бидејќи „имала поважни работи“.
Ким ја чувала нејзината тајна 15 години
Во нејзините мемоари, Кејтлин откри дека ја наговорила Ким цели 15 години да ја чува нејзината тајна.
Наводно, кога Ким имала 21 година и кога Кејтлин сè уште беше Брус, Ким ја „начекала“ како облекува женска облека. Ким не прозборела за ова 15 години од страв дека ќе го растури бракот на Брус.
Бракот со Крис бил ужасен
Кејтлин изјави дека бракот со Крис Џенер бил далеку од совршен. Тие беа заедно повеќе од 25 години, а Крис се однесувала многу лошо кон неа.
Не зборува со Клое веќе 5 години
Јасно е дека на Клое не ѝ се допаѓал односот на Кејтлин кон Крис и веројатно сè уште го мисли истото.
Кејтлин откри дека тие немаат прозборено веќе 5 години.
Го напуштила нејзиното друго семејство
Кејтлин е татко на дури 6 деца, но јавноста најмногу знае за Кајли и Кендал. Останатите 4 биле запоставени.
Дури и самата Кејтлин има изјавено дека ги напуштила.
Никогаш не ѝ кажала на Крис за нејзината транзиција
Во 25-те години што биле заедно, Крис вели дека воопшто не знаела за ситуацијата на Кејтлин.
Кејтлин го негира ова, но Крис вел дека не би останала 25 години со неа ако ја знаела вистината.