61-годишната Мадона безгрижно се забавува со 25-годишното момче и децата на Малдиви (фото)
- Детали
- петок, 03 јануари 2020
За новогодишната ноќ Мадона претерала со алкохолот, а не се обидуваше да го скрие тоа со објавување на фотки и видеа од забавата на Малдиви, па сега „закрепнува“ и ужива во убавините заедно со 25-годишното момче и децата.
Мадона ги потврди гласините за врската со нејзиниот танчар кога се појавија папарацо фотки од нив на тераса во Мајами, каде разменувале прегратки и бакнежи.
Сега, 61-годишната пејачка е на семеен одмор со децата и нејзиното ново момче, Ахламaлик Вилијамс и очигледно ужива без да размислува на мислењето на другите.
Мадона ужива на одморот на Малдиви и времето го поминува со забавни активности, кои ги споделува на Инстаграм, а за новогодишната вечер изгледа малку претерала со алкохол па сподели и видео како игра на импровизирана шипка.
Погледнете фотки од одморот на Мадона со децата и новото момче:
M. M. | Црнобело