Папарацо фотки: 61-годишната Мадона со 25-годишниот танчар, кој очигледно ѝ е момче
- Детали
- понеделник, 16 декември 2019
Веќе некое време Мадона е забележана како минува време со нејзиниот танчар – 25-годишниот Ахламaлик Вилијамс.
Изгледа Мадона ги потврди гласините за нивната врска бидејќи во петокот повторно беше забележана со него во Мајами.
Со 61-годишната пејачка беше и нејзината 23-годишна ќерка Лурдес, како и нејзиното мистериозно момче.
На фотографиите се гледа Мадона на балконот од нејзиниот хотел, а веднаш до неа стои Ахламалик. Во еден момент, Ахламалик ја фаќа Мадона за колковите, а потоа и ја прегрнува.
Според „очевидците“, парот споделил и бакнеж.
Мадона има долга историја со нејзините помлади танчари, а наводно, пријателите ја советувале да се фокусира на постари момци ако сака сериозна врска.
Погледнете ги Мадона, Лурдес и нивните момчиња во Мајами:
Спирова С. | Црнобело