20-те години разлика не менуваат ништо - Љубовната приказна на Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон Вајтли
- Детали
- среда, 11 декември 2019
Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон Вајтли важат за еден од најубавите парови во Холивуд.
Нивната романса трае речиси цели 10 години, но многумина се сомневаат во нивната љубов, најмногу поради возрасната разлика.
Сепак, низ годините, тие упорно го докажуваат спротивното.
Џејсон и Роузи се верени речиси 4 години, а сега имаат и дете. Врската им изгледа посилна од кога било, а тешко дека ќе се сетите на периодот кога не биле заедно.
Роузи Хантингтон Вајтли е 32-годишен супермодел. На 16 години таа аплицирала за позицијата ПР специјалист во Profile Models, но кога отишла на интервју, ја побарале како модел.
За само неколку години, Роузи веќе потпиша договори со Clinique, DKNY, Ralph Laurent, Victoria’s Secret и ги освои срцата на милиони обожаватели.
52-годишниот Џејсон не ја започна актерката кариера сè додека не наполни 32 години.
Уште откако бил тинејџер, тој бил дел од британскиот национален пливачки тим, а за да заработи нешто, продавал лажни Cartier часовници и парфеми на улицата.
Во 90-тите Џејсон доби понуда да биде дел од рекламна кампања на Tommy Hilfiger, а подоцна Гај Ричи му понуди улога во „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“. Ова е моментот кога неговата актерска кариера тргна во нагорна линија.
Џејсон и Роузи прв пат се запознаа во 2010-та, на музичкиот фестивал Coachella. И двајцата имале слушнато еден за друг, и речиси веднаш почнале да се гледаат. За разлика од повеќето познати, парот се обидуваше да ја скрие врската и долго време јавноста не знаеше ништо.
После речиси 6 месеци, парот почна да живее заедно и да се појавува во јавноста. Тој период, најмногу внимание привлече нивната возрасна разлика од 20 години.
Рози вели дека најмногу ја привлекла смислата за хумор на Џејсон, а не „мачо момчето“ што го глуми во филмовите. Истовремено, ѝ се допаѓа и тоа што Џејсон секогаш ја поддржува.
Во 2016-та, папараците го забележаа вереничкиот прстен на раката на Роузи. Подоцна парот потврди дека се верени, но не спомнаа никаква венчавка.
Истата година, Роузи се појави на црвениот тепих со трудничко стомаче, а во јуни 2017-та, парот го доби синот Џек Оскар Стејтам.
Парот ретко споделува фотографии онлајн, но ги радуваат фановите со фотографии од важни настани.
Кога ќе се земе предвид нивната популарност, навистина е неверојатно како парот успева да ја зачува приватноста и да се држат настрана од озборувањата.
А што се однесува до љубовта, траењето на нивната врска кажува сè.
Спирова С. | Црнобело