Како е да се биде познат? - Криси Тајген одговара прашања од фановите за справувањето со славата
- Детали
- среда, 11 декември 2019
Сите отсекогаш сме биле љубопитни за тоа како изгледа животот на познатите и богатите. Токму поради тоа, голем дел од познатите пишуваат свои автобиографии, обидувајќи се да ни го доближат нивниот живот.
Сепак, во овие дела ретко се спомнуваат чистењето на домот, патувањето и другите секојдневни ситници. Но, благодарение на Твитер кралицата Криси Тајген, можеме да ѕирнеме во животот на познатите.
Цело „интервју“ започна кога еден Twitter корисник праша дали познатите имаат фиока во домот што ја полнат со кабли, пенкала, сметки… Корисникот ја тагирал Кристи на објавата, а таа одговори со фотографија од нејзината фиока со ситници и најава дека ќе одговара на прашања за животот на познатите.
Во продолжение погледнете како изгледа животот на Криси и како таа се справува со популарноста:
Како се справуваш со странците кои ги бараат твоите време и енергија, а кога не си расположена за тоа?
„Морате да сфатите дека можеби вие сте го правеле ова цел ден, но за таа личност, ова е прв пат и таа е возбудена.“
Дали имаш милион соби во куќата и колку скапи фустани имаш носено?
„Секоја соба во домот се користи. Имам носено многу скапи нешта, но секогаш ги враќам назад. Откако се породив не сум иста големина, па купувам речиси сè што носам и потоа го препродавам и ги донирам парите.“
Кое е најдоброто нешто кај славата?
„Никој не ги гледа моите деца ’накриво‘ во авион. Во најлош случај, луѓето се премногу фини, а ова е лудо бидејќи моите деца се исто досадни на авион колку и другите: “
Се верува дека откако ќе станат славни, луѓето се менуваат на полошо. Дали ти се промени на подобро откако стана позната?
„Многу добро прашање. Искрено, не знам. Сè уште ги гледам нештата од секоја перспектива. Но истовремено сум и анксиозна, па може да ми биде вистински пекол. Ми се допаѓа што можам да им помагам на другите, но јас сум понекогаш… заглавена?“
Кога ќе ги земеш предвид славата и анксиозноста, што е најважното нешто што ти помага да не полудиш?
„Моите лекови.“
Дали местиш аларм, или некој нежно те буди наутро?
„Џон мести аларм, но го остава во тоалетот додека им прави палачинки на децата. Па, јас треба да станам и да го исклучам.“
Како реагираат твоите деца кога ќе те видат на телевизија?
„Не им е гајле.“
За која предност на славата се чувствуваш највиновно?
„Парите.“
Кој е проблемот што парите и славата не можат да го решат?
„Мојот мозок.“
Како патуваат познатите со авиони? Дали трчате низ аеродромот за да стигнете навреме?
„Има терминал во близина на аеродромот за којшто се плаќа членарина. Таму ја прават истата безбедносна проверка, само приватно, а потоа те носат до авионот со автомобил. Знам, знам…“
Дали сама пазаруваш или имаш асистент за тоа?
„Асистентот помага многу, но интересно е кога му е роденден, па морам да одам сама.“
Како е да се биде познат?
„Добро е бидејќи ми е удобно, но имам прекрасен и никаков живот истовремено.“
Дали навистина добиваш многу работи бесплатно?
„Секој ден добиваме премногу различни работи. Имам размислувано да ги замолам сите да престанат да ни даваат, но тогаш нема да можам да ги донирам.“
Дали има огромен брод или бункер за да се спасат богатите на крајот на светот, како во филмот „2012“?
„Ако има, јас не знам. Но сакам теории на заговор. Џон сè уште ми нема кажано дали е дел од Илуминати.“
Колку се досадни доделувањата на награди?
„Многу досадни и ве влечат во 100 разни насоки и ви викаат да седнете. Барот никогаш не е во ваша близина и сите се злобни кон помошниците. Не знам зошто некој би го сакал тоа.“
Дали се грижиш за твојата безбедност и приватност?
„Да, но знам дека понекогаш виновна е нашата отвореност. Па, само му кажуваме на обезбедувањето дека не ни пречат прегратки и разговор. Но, мојата куќа е тврдина.“
Како се справуваш со расправањето со Џон пред послугата во домот?
„Не кријам ништо. Се расправам во автомобили, се расправам дома, се расправам на аеродром. Не ми е грижа. Ама Џон едноставно не се расправа.“