Пејачката на Roxette ја изгуби битката со ракот - Мари Фредриксон почина на 61 година
- Детали
- вторник, 10 декември 2019
По 17-годишна битка со тешката болест, пејачката од Roxette позната по хитот „Listen to Your Heart“, почина на 61 година.
Мари Фредриксон, беше позната како дел од поп дуото Roxette, кое го сочинуваше заедно со Пер Гесле. Хитовите како It Must Have Been Love и Listen To Your Heart се и денес популарни и ќе остане запаметена по нив.
Во 2002 година на пејачката ѝ беше дијагностициран тумор на мозок и ѝ било кажано дека има 25% шанси за преживување, но по 3 години го победила. Сепак, очигледно низ годините повторно се соочувала со компликации, и по 17 години ја загуби битката.
Веста за смртта на шведската пејачка, беше објавена на официјалниот Твитер профил на Шведска, а истата беше потврдена и од нејзиното семејство.
Rest in peace, Marie Fredriksson. Amazing singer, both with Roxette and solo.
— Sweden (@Sweden) December 10, 2019
Мари зад себе остави сопруг и две деца, кои ќе ја погребаат во присуство на најблиските, а во изјавата на нејзиниот агент стои:
„Со голема жалост соопштуваме дека една од нашите најголеми изведувачи почина. Мари Фредриксон почина утрото на 9-ти декември поради болеста со која се бореше.“
Нејзиниот колега Пер, го изрази неговото сочувство на Твитер:
Time goes by so quickly. It’s not that long ago we spent days+nights in my tiny apartment sharing impossible dreams. And what a dream we eventually got to share! I’m honoured to have met your talent+generosity. All my love goes to you+your family. Things will never be the same. pic.twitter.com/CTegAUGrXG
— Per Gessle (@PartyPleaser) December 10, 2019
Потсетете се на дел од хитовите:
М. М. | Црнобело