Гардеробери на славните што ќе посакате да бидат ваши
Кетрин Зета Џоунс
Во гардероберот на Кетрин ќе најдете многу дизајнерски чанти, чевли и шалови.
Џенифер Лопез
Гардероберот на Џенифер е огромен и не само што има посебна просторија за нејзините чевли, туку има и место каде што е изложен легендарниот Versace фустан.
Мараја Кери
Кога ќе го погледнете гардероберот на пејачката, ќе ви стане јасно зошто ова ѝ е омилената просторија од нејзиниот дом.
Клои Кардашијан
Клои е царица на организирањето, а тоа можете да го забележите и од нејзиниот гардеробер. Интересно е што таа има посебен „оддел“ во гардероберот наменет само за спортска облека.
Кристина Агилера
И Кристина е голем љубител на чевли. Во нејзиниот гардеробер, чевлите се подредени според нивниот бренд.
Блејк Лајвли
Колекцијата чевли на Блејк би ја посакала секоја жена. Во нејзиниот гардеробер можете да најдете чевли од Christian Louboutin, па сè до YSL.
Ева Лонгорија
Гардероберот на Ева има површина од 12 метри квадратни, а актерката има изјавено дека ја подредува облеката по боја.
Криси Тајген
И Криси може да се пофали со импресивната колекција чевли во нејзиниот гардеробер.
Спирова С. | Црнобело