Гардеробери на славните што ќе посакате да бидат ваши
- Детали
- среда, 11 декември 2019
Веројатно не постои жена која не сонува за огромен гардеробер во кој ќе ја изложи целата своја облека. Па, не е ни чудно што познатите дами вложуваат многу во нивните гардеробери.
Во продолжение погледнете дел од најимпресивни гардеробери на познатите, што сигурно ќе посакате да бидат ваши:
Ким Кардашијан
Не можете а да не ја забележите огромната колекција чевли и чанти од марката Birkin во гардероберот на Ким. Покрај тоа, Ким има и соба наменета само за пробување облека.
Џенифер Анистон
Конечно имаме можност да ѕирнеме во гардероберот на познатата актерка. Можете да забележите дека нејзиниот гардеробер е одлично организиран и има навистина пријатна атмосфера.
Опра Винфри
Можеби познатата водителка вели дека мрази да се пакува. Но, со вака организиран гардеробер, пакувањето изгледа како навистина релаксирачка активност.
Крис Џенер
Гардероберот на Крис го сочинуваат дури 3 простории. Она што најмногу ги восхитува сите е нејзината масивна колекција чанти од брендот Judith Lieber.
Менди Мур
Менди нашла одличен начин да ги организира нејзините чанти. Па, слободно искористете ја нејзината идеја.
Кајли Џенер
Кајли има посебен гардеробер за нејзините дизајнерски чанти – сонот на секоја жена.
Џесика Симпсон
Најголемата љубов на Џесика се чевлите, па не е ни чудно што има посебен гардеробер само за нив.