Поврзаноста на принцот Хари и Кејт Мидлтон низ фотографии
- Детали
- петок, 06 декември 2019
Јавноста знае речиси сè за бракот на Кејт и Вилијам, исто и за бракот на Хари и Меган. Но, ретко кога имаме можност да видиме нешто за врската на Кејт и Хари.
Според еден извор, Кејт и Хари се навистина блиски, и се речиси како брат и сестра:
„Ништо не можеше да ја исполни празнината по смртта на Дијана, и Хари растеше без личност на која може да се потпре. Кејт помогна да се пополни дел од таа празнина. Кога таа и Вилијам се верија, Хари ја нарече големата сестра што никогаш ја немал. Тој често ја посетува во нивниот апартман во Кенгсингтонската палата, а таа му готви.“
И Хари и Кејт живееја во Кензингтонската палата, а оваа близина им помага да се поврзат. Наводно, кога минувале време заедно, Кејт и Хари често ја гледале серијата „Игра на тронови“.
„На Хари му се допаѓа забавната страна на Кејт. Кејт, пак, го сака начинот на кој Хари си игра со нејзините деца“, вели изворот.
Кејт отсекогаш имала посебна наклонетост кон Хари, дури и во периодот пред да се венча со Вилијам.
Погледнете како изгледа интересната врска на Хари и Кејт:
Спирова С. | Црнобело