Дејвид Бекам „уловен“ со телефон во рака додека вози, откако му ја вратија возачката дозвола (фото)
- Детали
- петок, 06 декември 2019
Откако му ја вратија дозволата, по забраната за возење, Бекам повторно го предизвика законот – вози со телефон во рака и паркира на забрането место.
Очигледно Дејвид Бекам е од оние славни личности кои не секогаш го почитуваат законот и не се плашат што папараците може да ги уловат кога прават прекршоци.
Сепак, иако е славен, законот не го избегнува, па до неодамна имаше забрана за возење. Но, откако му ја вратија дозволата, тој реши повторно да го предизвика законот.
44-годишниот Дејвид беше забележан со мобилен телефон зад волан, а потоа го оставил автомобилот на забранета зона на улица, па другите автомобили морале да го заобиколуваат.
Изгледа дека наскоро го очекува уште една казна...
M. M. | Црнобело