Џеј Ло откри дека сака дете со Алекс: „Не знам дали е божји план, но би сакала да пробам“
- Детали
- четврток, 05 декември 2019
Во интервју за People, 50-годишната пејачка откри дека сака да има дете со Алекс, а вели дека нивните деца немаат проблем со ширење на семејството.
Алекс ја запроси Џеј Ло во март годинава, па сите со нетрпение ја очекуваат нивната свадба, за која уште нема никакви информации.
Иако пејачката има две деца со претходниот сопруг, Марк Антони, сепак во интервју за People, изјави дека би сакала да се обиде да добие дете со нејзиниот вереник, Алекс, кој исто така има две деца.
„Сакам. Не знам дали е тоа божји план и дали ќе успееме, но би сакала да пробам. Отворена сум за тоа. Со Алекс и децата постојано се зближуваме. Кога се веривме, тие беа многу среќни... знаат дека за нив секогаш имаме љубов.“ – изјави дивата која се најде на насловната на People, како жена која ја одбележа 2019-та, заедно со Мишел Обама и Џенифер Анистон.
Џеј Ло и претходно ја има спомнато желбата за дете, а за нејзините близнаци вели дека се среќни што ги имаат Наташа и Ела (ќерките на Алекс), како две „бонус сестри“.
„Искрено мислам дека Бог нè спои бидејќи сме многу слични. Тој успеа сам, јас успеав самостојно исто така. Не си требаме за да се прославиме, туку за да си помогнеме да продолжиме да се развиваме и да растеме – да создадеме семејство, да ги научиме децата како да добијат нешто што можеби ние не сме го имале. И мислам дека успеваме во тоа, да си помогнеме на многу различни начини.“ – споделува 50-годишната ѕвезда.
Таа вели дека годината ѝ била многу успешна на секое поле, а за да го постигне тоа, вложувала многу труд. Клучот за успехот според неа, е никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате.
М. М. | Црнобело