Пред 27 години беше најсекси маж, а денес личи на бездомник (фото)
- Детали
- четврток, 05 декември 2019
Личи на бездомник, изгледа како несреден Дедо Мраз – ова се дел од коментарите и насловите на светските медиуми за 78-годишниот Ник Нолти, кој некогаш беше најсекси човек на планетата.
Во 1992 година, Ник Нолти беше одбран за најсекси човек според People, а за тоа време, заслужено ја оправдуваше титулата.
Својата кариера ја започна во театар, но брзо потоа прејде на филмското платно, па стекна светска слава. Сепак, покрај филмските достигнувања, тој е познат и по турбулентниот приватен живот, честите судири со законот, проблемите со зависност и богатата брачна историја.
Тој неколкупати бил уапсен, заради лажирање на документи и возење под дејство на алкохол и дрога. Што се однесува до љубовниот живот, тој се женеше четири пати, а има две деца.
За тоа време, актерот важеше за маж на кој жените не можат да одолеат, а денес, иако се одржува во форма, сепак тој веќе не обрнува внимание на стилот и изгледот.
Папараците честопати го „ловат“ на велосипед и прошетка актерот кој има над 40 филмски улоги, а речиси на секое појавување во јавност изгледа непрепознатливо.
Низ изминативе години, тој е повеќепати забележан облечен во широки парчиња облека, кои наликуваат на пижами и широки наметки, па дури и во валкана облека, со несредена коса и брада.
Како изгледа некогашниот секс-симбол денес:
М. М. | Црнобело