Познати личности кои не трошат пари на јахти и дијаманти, туку го спасуваат светот
Ема Вотсон
Ема Вотсон е активист за женските и човечките права и има соработувано со UNICEF, CAMFED, United Nation и многу други.
Таа им помага и на жените кои биле жртви на сексуално малтретирање, а заедно со уште 200 познати од Британија и Ирска се потпиша на отвореното писмо со кое се бара крај на сексуалното вознемирување на работното место.
Џеки Чен
Џеки е поддржувач на организациите како UNICEF и Operation Smile. Покрај тоа, во 1988-ма тој ја основа фондацијата Jackie Chan Charitable, а во 2004-та Dragon’s Hear.
Првата фондација им дава стипендии и им помага на младите од Хонгконг. Истовремено, им нуди помош и на жртвите на природните катастрофи.
Dragon’s Heart им помага на децата и постарите во неразвиените делови од Кина. Фондацијата има изградено училишта и има подигнато милиони, со цел да им овозможи образование на сиромашните.
Ринго Стар
Поранешниот член на Beatles ја основа The Lotus Foundation.
Оваа фондација нуди пари и поддршка на проекти за социјална благосостојба. Овде спаѓаат проекти за злоупотреба на супстанци, мозочни тумори, рак, насилство врз жени, бездомништво и животни.
Мет Дејмон
Во 2006-та година, актерот ја основа H2O Africa. Главната цел на фондацијата беше да ја подигне свеста за проблемот со питка вода во Африка.
Подоцна фондацијата се спои со WaterPartners и сега целта е да им се овозможи безбедна вода за пиење и канализација на луѓето ширум целиот свет, по прифатлива цена.
Во 2013-та, актерот позираше со капак од тоалетна школка, протестирајќи за 2,5 милијарди луѓе кои немаат пристап до вода и канализација.
Антонио Бандерас
Бандерас е активист за правата на луѓето во неповолна положба. Во 2010-та, тој ја основа Fundacíon Lágrimas y Favores, фондација што им овозможува стипендии на студентите на Универзитетот во Малага, кои немаат доволно пари.
Анџелина Џоли
Џоли дозна за хуманитарниот активизам додека го снимаше „Tomb Raider“ во Камбоџа. Кога се вратила од снимањето, веднаш ги контактирала UNHCR и им се придружила.
Од 2001-ва, актерката е на мисија да им помогне на луѓето и има посетено над 20 држави за таа цел.
Во 2003-та, таа ја основа организацијата Maddox Jolie-Pitt Foundation, чија цел беше поддршка на локалните села и заштита на загрозените животни и шуми. Од 2006-та, организацијата почна да работи и со агрикултура, образование, полова еднаквост и проблеми со здравството во Камбоџа.
Спирова С. | Црнобело