Познати личности кои не трошат пари на јахти и дијаманти, туку го спасуваат светот

Ема Вотсон

Ема Вотсон е активист за женските и човечките права и има соработувано со UNICEF, CAMFED, United Nation и многу други.

Таа им помага и на жените кои биле жртви на сексуално малтретирање, а заедно со уште 200 познати од Британија и Ирска се потпиша на отвореното писмо со кое се бара крај на сексуалното вознемирување на работното место.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-07.jpg

Џеки Чен

Џеки е поддржувач на организациите како UNICEF и Operation Smile. Покрај тоа, во 1988-ма тој ја основа фондацијата Jackie Chan Charitable, а во 2004-та Dragon’s Hear.

Првата фондација им дава стипендии и им помага на младите од Хонгконг. Истовремено, им нуди помош и на жртвите на природните катастрофи.

Dragon’s Heart им помага на децата и постарите во неразвиените делови од Кина. Фондацијата има изградено училишта и има подигнато милиони, со цел да им овозможи образование на сиромашните.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-08.jpg

Ринго Стар

Поранешниот член на Beatles ја основа The Lotus Foundation.

Оваа фондација нуди пари и поддршка на проекти за социјална благосостојба. Овде спаѓаат проекти за злоупотреба на супстанци, мозочни тумори, рак, насилство врз жени, бездомништво и животни.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-09.jpg

Мет Дејмон

Во 2006-та година, актерот ја основа H2O Africa. Главната цел на фондацијата беше да ја подигне свеста за проблемот со питка вода во Африка.

Подоцна фондацијата се спои со WaterPartners и сега целта е да им се овозможи безбедна вода за пиење и канализација на луѓето ширум целиот свет, по прифатлива цена.

Во 2013-та, актерот позираше со капак од тоалетна школка, протестирајќи за 2,5 милијарди луѓе кои немаат пристап до вода и канализација.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-10.jpg

Антонио Бандерас

Бандерас е активист за правата на луѓето во неповолна положба. Во 2010-та, тој ја основа Fundacíon Lágrimas y Favores, фондација што им овозможува стипендии на студентите на Универзитетот во Малага, кои немаат доволно пари.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-11.jpg

Анџелина Џоли

Џоли дозна за хуманитарниот активизам додека го снимаше „Tomb Raider“ во Камбоџа. Кога се вратила од снимањето, веднаш ги контактирала UNHCR и им се придружила.

Од 2001-ва, актерката е на мисија да им помогне на луѓето и има посетено над 20 држави за таа цел.

Во 2003-та, таа ја основа организацијата Maddox Jolie-Pitt Foundation, чија цел беше поддршка на локалните села и заштита на загрозените животни и шуми. Од 2006-та, организацијата почна да работи и со агрикултура, образование, полова еднаквост и проблеми со здравството во Камбоџа.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg