Меланија Трамп повторно „падна“ на шармот на Макрон (фото)
- Детали
- среда, 04 декември 2019
Меланија Трамп изгледа е во одличен однос со сите машки светски лидери, а на приемот кај кралицата, изгледаше прилично блиско со Макрон и зрачеше со елеганција во жолта комбинација.
Во јуни годинава, Меланија уживаше во бакнежот за поздрав со францускиот претседател Емануел Макрон, а подоцна во август, се стопи пред шармот на канадскиот премиер Џастин Трудо.
Првата дама на САД е во добар однос со лидерите, а сега повторно покажа дека е блиска со Макрон, водејќи се по фотките од Лондон и насловите на светските медиуми.
Заедно со нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, таа присуствуваше на приемот кај кралицата Елизабета, облечена во впечатливa жолтa креација на Valentino, комбинирана со виолетови штикли.
Првата дама зрачи со елеганција каде и да се појави, па не е ни чудо што лидерите уживаат кога ќе се сретнат со неа.
Меланија и Доналд на средба со кралицата Елизабета и други лидери од светот:
М. М. | Црнобело