Познатите откриваат како ги одбрале имињата за нивните деца

Кристина Агилера и Мет Рутлер

Познатиот пар го избрал името Самер Рејн (летен дожд) за нивната ќерка бидејќи сметале дека е полно со инспирација, љубов и радост.

Во ексклузивна приказна за магазинот People, Кристина изјави:

„Токму тоа им го предизвикува на сите што ќе ги сретне. Нејзината убавина сјае однатре. Летото е период на топлина и светлина, додека дождот чисти и е знак за нов почеток.“

Самер денес има 5 години, а Кристина има и 11-годишен син, со поранешниот сопруг Џордан Братман.

poznatite-otkrivaat-kako-gi-odbrale-iminjata-za-nivnite-deca-07.jpg

Ева Мендез и Рајан Гослинг

Најмладата ќерка на Ева и Рајан го носи името на баба ѝ Амада, а името значи „сакана“ на шпански.

„Името на баба ми е Амада и Амада е името на нашето најстаро дете. Имавме неколку имиња за новото бебе, но откако се роди не ни одговараше ниту едно“, изјави актерката.

Парот ја има и 5-годишната Есмералда, а Амада има 3 години.

poznatite-otkrivaat-kako-gi-odbrale-iminjata-za-nivnite-deca-08.jpg

Дру Баримор и Вил Копелман

Во интервју со Елен, Дру сподели дека таа и поранешниот сопруг Вил се согласиле најстара ќерка да им се вика Олив (маслинка). Идејата ја добиле додека биле на преглед, кога лекарот им кажал дека бебето е со големина на маслинка.

Олив има 7 години, а парот има уште една ќерка – 5-годишната Френки.

poznatite-otkrivaat-kako-gi-odbrale-iminjata-za-nivnite-deca-09.jpg

Хали Бери и Оливие Мартинез

Хали и поранешниот сопруг Оливие го крстиле син им Масео Роберт бидејќи ова име било одлично и за во САД, и за во Франција. Името има шпанско потекло и значи „дар од Бог“.

Масео има 6 години, а Хали ја има и 11-годишната ќерка Нала Габриел Обри.

poznatite-otkrivaat-kako-gi-odbrale-iminjata-za-nivnite-deca-10.jpg

Дејвид и Викторија Бекам

Ќерката Харпер го добила името според авторката Харпер Ли, која ја има напишано омилената книга на Викторија – „To Kill a Mockingbird“.

Дејвид има објаснето дека Харпер е старо англиско име што им се допаѓало и на двајцата.

Парот има четири деца – 20-годишниот Бруклин, 17-годишниот Ромео, 14-годишниот Круз и 8-годишната Харпер.

poznatite-otkrivaat-kako-gi-odbrale-iminjata-za-nivnite-deca-11.jpg

Кајли Џенер и Тревис Скот

Кајли изјави дека не се сеќава кога го смисла името Сторми, но им се допаѓало и неа и на Тревис. Името потекнува од зборот storm (бура), а Кајли само ја оддала буквата i.

„Не знам како помисливме на Сторми. Татко ѝ инсистира дека се сетил тој, но имам чувство дека сум јас.“

Денес Сторми има 1 година.

poznatite-otkrivaat-kako-gi-odbrale-iminjata-za-nivnite-deca-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg