Познатите откриваат како ги одбрале имињата за нивните деца
Кристина Агилера и Мет Рутлер
Познатиот пар го избрал името Самер Рејн (летен дожд) за нивната ќерка бидејќи сметале дека е полно со инспирација, љубов и радост.
Во ексклузивна приказна за магазинот People, Кристина изјави:
„Токму тоа им го предизвикува на сите што ќе ги сретне. Нејзината убавина сјае однатре. Летото е период на топлина и светлина, додека дождот чисти и е знак за нов почеток.“
Самер денес има 5 години, а Кристина има и 11-годишен син, со поранешниот сопруг Џордан Братман.
Ева Мендез и Рајан Гослинг
Најмладата ќерка на Ева и Рајан го носи името на баба ѝ Амада, а името значи „сакана“ на шпански.
„Името на баба ми е Амада и Амада е името на нашето најстаро дете. Имавме неколку имиња за новото бебе, но откако се роди не ни одговараше ниту едно“, изјави актерката.
Парот ја има и 5-годишната Есмералда, а Амада има 3 години.
Дру Баримор и Вил Копелман
Во интервју со Елен, Дру сподели дека таа и поранешниот сопруг Вил се согласиле најстара ќерка да им се вика Олив (маслинка). Идејата ја добиле додека биле на преглед, кога лекарот им кажал дека бебето е со големина на маслинка.
Олив има 7 години, а парот има уште една ќерка – 5-годишната Френки.
Хали Бери и Оливие Мартинез
Хали и поранешниот сопруг Оливие го крстиле син им Масео Роберт бидејќи ова име било одлично и за во САД, и за во Франција. Името има шпанско потекло и значи „дар од Бог“.
Масео има 6 години, а Хали ја има и 11-годишната ќерка Нала Габриел Обри.
Дејвид и Викторија Бекам
Ќерката Харпер го добила името според авторката Харпер Ли, која ја има напишано омилената книга на Викторија – „To Kill a Mockingbird“.
Дејвид има објаснето дека Харпер е старо англиско име што им се допаѓало и на двајцата.
Парот има четири деца – 20-годишниот Бруклин, 17-годишниот Ромео, 14-годишниот Круз и 8-годишната Харпер.
Кајли Џенер и Тревис Скот
Кајли изјави дека не се сеќава кога го смисла името Сторми, но им се допаѓало и неа и на Тревис. Името потекнува од зборот storm (бура), а Кајли само ја оддала буквата i.
„Не знам како помисливме на Сторми. Татко ѝ инсистира дека се сетил тој, но имам чувство дека сум јас.“
Денес Сторми има 1 година.
Спирова С. | Црнобело