Познатите откриваат како ги одбрале имињата за нивните деца
- Детали
- среда, 04 декември 2019
Кога некоја позната личност ќе сподели дека очекува дете, сите со нетрпение чекаат да го слушнат неговото име.
А, факт е дека досега се изнаслушавме навистина чудни имиња. Сепак, изгледа дека дури и најчудните имиња си имаат свое значење и симболика.
Погледнете како најпознатите парови ги одбрале имињата на нивните деца:
Карди Би и Офсет
Во интервју од 2018-та година, додека гостуваше на шоуто на Елен, Карди откри дека нејзиниот сопруг Офсет го одбрал името за нивната ќерка Калчр. Зборот „culture“ има посебно значење за Офсет, бидејќи неговата хип-хоп група има два хит албуми насловени „Culture“ и „Culture II“.
Калчр моментално има 1 година и е единственото дете на парот.
Ким Кардашијан и Канје Вест
Познатата старлета, како гостин на шоуто на Елен сподели зошто со Канје го одбрале името Чикаго за нивната ќерка.
Наводно, парот размислувал и за имињата Џо и Грејс, но на крај се одлучиле за Чикаго. Причината е што Канје доаѓа од Чикаго и неретко го спомнува градот во неговите песни.
„Сакавме да ја крстиме Џо, по баба ми Мери Џо. Сакавме и Грејс, но го одбравме Чикаго.“
Чикаго е третото дете на Ким и Канје, покрај Норт, Сент и Псалм.
Џеј Зи и Бијонсе
Во едно интервју Џеј Зи го објасни значењето на децата на нивните близнаци. Познатиот рапер изјави дека ќерката Руми го носи името на неговиот омилен поет. Син им Сер, пак, го добил името бидејќи веднаш им изгледал како господин (на англиски „sir“).
„Сер беше како вистински господин. Така и се однесува“, изјави Џеј Зи.
Близнаците на парот имаат 2 години, додека постарата ќерка, Блу Ајви, има 7.
Бијонсе го објасни значењето на името Блу Ајви на нејзиниот блог, споделувајќи цитат од книгата „A Field Guide to Getting Lost“ од Ребека Солнит:
„Светлината нè не допира, не го минува сето растојание, светлината што се губи ни ја дава убавината на светот, од која голем дел е со сина боја.“
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли
Во интервју со Good Morning Britain, познатиот актер сподели дека ќерка му Џејмс го носи името на неговиот починат татко.
Откако му рекоа дека Џејмс е необично име за женско, Рајан изјави:
„Знам, но во спектарот на навистина чудни имиња на бебињата на познатите, мислам дека не правиме нешто невообичаено. Барем не ја крстив ќерка ми Самер Сквош Медоуларк.“
Џејмс има 4 години, а парот има уште две деца – 3-годишната Инес и бебето чие име сè уште не го знаеме.
Ештон Кучер и Мила Кунис
Повторно кај Елен, Ештон изјави дека кога Мила била бремена со нивниот син, таа без причина рекла дека детето ќе се вика Димитри, па името останало.
Наводно, Мила изјавила:
„Мислам дека Доналд Трамп ќе ни стане претседател и мислам дека името на нашето бебе е Димитри.“
Две недели подоцна, името му останало на Ештон во мислите, па решиле да го искористат.
Денес Димитри има 2 години.
И името на 5-годишната Вајат има слична приказна. Наводно, Ештон почнал на шега да кажува имиња на коишто може да се сети и помислил на Вајат.