Родена е како маж, а денес зрачи сексапил во проѕирен фустан (фото)
- Детали
- четврток, 21 ноември 2019
Лаверн Кокс е актерка која јавноста најдобро ја знае по нејзината улога во серијата „Orange Is the New Black“.
На премиерата на „Charlie’s Angels“, Лаверн дефинитивно беше најголемата ѕвезда.
На црвениот тепих, актерката се појави во проѕирен фустан со црно кадифе, а одлично ја дополнила комбинацијата со проѕирни штикли.
Лаверн е позната по храбрите модни комбинации, а не разочара и овојпат.
Интересно е што Лаверн е трансродова актерка и е родена како Родерик Лаверн Кокс. Актерката неколкупати има изјавено дека иако е родена како маж, отсекогаш се чувствувала како жена.
Но, поради ова била малтретирана во училиште, до тој степен, што размислувала за самоубиство.
Денес Лаверн изгледа подобро од кога било, гради успешна актерска кариера, а тешкото минато го оставила зад себе.
Лаверн на премиерата на „Charlie’s Angels“:
Спирова С. | Црнобело