Се посветува на пријателите, не сака семејство и уште 7 причини зошто Џенифер Анистон не може да задржи маж

Таа постигна многу во животот, изгледа прекрасно и има успешна кариера, но единственото поле на кое ѝ недостасува среќа и успех е љубовта.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-01.jpg

Џенифер Анистон е талентирана актерка, што стекна голема популарност, прекрасна е и изгледа совршено – па, каде е проблемот што таа не може да најде маж за сериозно?

Актерката беше во брак вапати – еднаш со Бред Пит, но истиот неуспешно заврши по 5 години, кога тој се ожени со Џоли. По неколку години, таа се омажи со Џастин Теро, но 6 години подоцна, и овој брак заврши неславно. Оттогаш, Анистон е сингл.

Сепак, изгледа дека тоа ѝ одговара и актерката воопшто не очајува по љубовен живот, а во продолжение следат неколку причини кои се доказ за тоа:

1. Таа е целосно посветена на пријателите, постојано се дружи со славни личности, а во најблискиот круг на пријатели ѝ се Елен Деџенерис, Порша де Роси, Рис Витерспун и сака да поминува време со нив, па нема време за состаноци.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-02.jpg

2. Нејзината кариера доживува неверојатни успеси, за разлика од останатите нејзини колеги од Friends – таа има 50 години и не личи како да планира да запре со искачување нагоре.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-03.jpg

3. Џенифер е родена во семејство со актери, а нејзиниот татко ѝ е голем пример во животот, па можеби заради тоа има многу високи стандарди за мажите.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-04.jpg

4. Иако зрачи со позитива, сепак таа знае да биде строга и дрска во некои ситуации – кога се гледала со Пит, мајка ѝ дала лоши критики во таблоидите, па заради тоа Џенифер не ја поканила на свадба.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-05.jpg

5. Според една нејзина изјава, таа не сака да живее според правила и не сака да се води според стереотипите дека до одредена возраст мора да имаш партнер, деца и слично.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-06.jpg

6. Анистон важи за независна жена на која не ѝ треба никој за да направи нешто – таа сама постигна успех, слава и богатство, па веројатно не ѝ е потребен принцот на бел коњ да ја одведе на подобро место, бидејќи таа веќе е „таму“.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-07.jpg

7. Покрај актерската кариера, таа е претприемач со свои бизнис за производи за убавина, па веројатно нема ниту време да се посвети на љубовниот живот.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-08.jpg

8. Во едно интервју има изјавено дека не е опседната со тоа да има деца, додека некои жени едноставно се создадени за да бидат сопруги и мајки – таа не е една од нив.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-09.jpg

9. Откако беше во брак и се разведе двапати, можеби веќе не е заинтересирана за чекорење кон олтарот по трет пат. Веројатно тоа не е за секого.

se-posvetuva-na-prijatelite-ne-saka-semejstvo-i-ushte-7-prichini-zoshto-djenifer-aniston-ne-mozhe-da-zadrzhi-mazh-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Гордоста на тато: Еминем танцува со ќерката на нејзината свадба, мајка ѝ ја нема на семејните фотки Младоженецот по 9 години врска одлучил да ја запроси Хејли, ќерката на Еминем, н...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Рајан Гослинг под капа ја крие косата, дечкото на Кејт Мос со дупка во чевлите: Фото-докази дека и ѕ... Адријана Лима прошета со партнерот во црно сако и патики, Том Хенкс покажа дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg