Кејт Мидлтон во црна тантела - елегантна и гламурозна на хуманитарна гала (фото)
- Детали
- вторник, 19 ноември 2019
Иако има 3 деца, Кејт Мидлтон на 37 години се одржува во одлична форма, а на хуманитарна гала вечер мамеше погледи со елегантниот и гламурозен изглед.
Кога си мајка во кралското семејство, веројатно непреспаните ноќи и родителските обврски не се толку големи како во секое „обично“ семејство, па војвотката Кејт изгледа совршено каде и да се појави.
Кејт Мидлтон заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам присуствуваше на Royal Variety Performance, гала вечер на која се поканети британските кралски членови, а ги придружуваат и забавуваат познати изведувачи.
На хуманитарната вечер, војвотката од Кембриџ се појави во долг црн фустан од тантела, креација на Alecander McQueen.
37-годишната Кејт блескаше со насмевка, а со нејзината фит форма и елегантен изглед, успешно го привлече вниманието кон себе.
Принцот Вилијам и Кејт – елегантен кралски пар:
М. М. | Црнобело