Го „откачи“ Бугаринот Димитров – Кое е новото момче на Никол Шерцингер? (фото)
- Детали
- вторник, 19 ноември 2019
Откако се раздели од Бугаринот Григор Димитров, Никол се впушти во љубовна авантура со уште еден спортист, 7 години помлад од неа, кој е исто така натпреварувач во X-Factor, каде таа е дел од жирито.
По врската со Луис Хамилтон, Никол Шерцингер беше во врска со тенисерот Григор Димитров од 2015-та, но пред неколку месеци се разделија.
Сепак, изгледа на пејачката ѝ одговараат спортисти, па падна на шармот на рагбистот Том Еванс, кој исто така учествува во шоуто X-Factor, каде Никол е член на жирито.
Наводно, 41-годишната Никол била забележана на романтичен состанок со него, а помеѓу нив дефинитивно имало хемија. Тие исто така биле забележани како се забавуваат во ист ноќен клуб.
„Том е целосно тип на Никол, а отсекогаш велел дека таа е една од најубавите жени во светот. Му се допаѓаше и пред да ја запознае во шоуто. Почнаа да се допишуваат, а по неколку недели тој се охрабри и ја покани на ручек.“ – изјавил еден извор.
Инаку, Том има 34 години и е роден во Зимбабве, тој бил професионален рагбист, но се пензионирал на 24 години заради повреда. Сега тој учествува во реални ТВ шоуа, а се занимава и со моделство.
Погледнете фотки од новото момче на Никол:
М. М. | Црнобело