Сите девојки со кои Леонардо ди Каприо издржа подолго од 1 година во врска
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2019
Леонардо ди Каприо на 45 години сè уште важи за најпосакуваниот и нескротлив ерген во Холивуд, а познат е и по неговите кратки љубовни врски и авантури со многу помлади девојки.
Сепак, одвреме-навреме знае да паузира од бурните љубовни приказни и да влезе во долгогодишна врска.
На колку жени досега им успеало да го „смират“ ди Каприо, барем на неколку години?
Кристен Занг
Кристен Занг го запозна Лео во времето кога требало да се земе со Николас Кејџ, но се предомислила. Од 1996-та година до 2000-та година беа заедно со ди Каприо, а врската со оваа русокоса беше една од првите сериозни во неговата љубовна историја.
Жизел Бундшен
Од 2000-та година до 2005-та, бразилскиот модел беше во љубов со актерот, но бидејќи работните обврски станале пренапорни, парот ја прекина врската.
Бар Рафаели
Уште еден модел со кој актерот беше околу 5 години, односно од 2006-та го 2011-та година. Парот се подготвуваше за свадба, но со оглед на тоа што имаа чести раскинувања и смирувања, свадбата не се случи. Во 2011-та година конечно патиштата им се разидоа.
Тони Гарн
Германскиот модел Тони Гарн беше во врска со Лео година и половина, а и двајцата тврдеа дека врската се развила по долгогодишно познавање и пријателство.
Камила Морон
Од 2017-та година ди Каприо е со 22-годишната Камила, која исто така е успешен модел.
М. Д. | Црнобело