Гвен Стефани и Кардашијанс „главни“ на црвен тепих - Како беа облечени ѕвездите на People's Choice Awards 2019?
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2019
Keeping Up With the Kardashians зема награда за реално шоу за 2019-та, Џенифер Анистон за иконски лик, а Гвен Стефани за модна икона, па на црвениот тепих на People’s Choice Awards, ѕвездите се појавија во впечатливи аутфити.
Викендов се одржаа наградите People’s Choice, а славните прошетаа на црвениот тепих во впечатливи фустани и одела.
Мама Крис ги „собра“ ќерките Ким, Клое и Кортни и со нив ја прими наградата за реално шоу, а на црвениот тепих зрачеа со елеганција и моќ.
Гвен Стефани пак, се појави во бел мини фустан, кој се влече одзади, а го искомбинирала со мрежести хулахопки и високи црни чизми.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на црвениот тепих:
M. M. | Црнобело