Расел Кроу видно здебелен разговара со пријателка со рацете во панталони (фото)
- Детали
- петок, 08 ноември 2019
Расел Кроу е познат по тоа што навистина им се посветува на неговите улоги, а не направил исклучок ни за филмот „Unhinged“.
55-годишниот актер значително ја зголемил својата тежина, за потребите на филмот „Unhinged“. Овојпат, тој ќе се појави во улогата на демнач психопат.
Неодамна, на аеродромот во Сиднеј, актерот ја покажа неговата нова фигура.
Расел се врати во родната Австралија за да посети негов имот. На аеродромот беше забележан со неговата пријателка Бритни Териот.
Во еден момент, актерот си ги местеше панталоните, а потоа си продолжи со разговорот со Бритни.
Бритни е агент за недвижности, а во 2013-та година имаше мала улога во филмот „Broken City“, во кој се појави и Расел. Изгледа дека помеѓу парот нема ништо романтично.
Појавувањето на Расел во „Unhinged“ означува одделување од улогите што го направија познат. Во 2000-та година, тој го играше Максимус во оскаровскиот „Gladiator“. За потребите на овој филм, актерот вежбаше напорно четири месеци, за да биде во форма.
Во 2005-та година имаше уште една улога која бараше физичка подготвеност – во „Cindеrella Man“ го глумеше боксерот Џејмс Брадок.
Новиот трилер на Расел премиерно ќе биде прикажан во август, 2020-та. Филмот ја раскажува приказната за една мајка, која ја следи маж (Расел Кроу) што бара одмазда.
Спирова С. | Црнобело