Кој број на облека носат славните жени?
- Детали
- петок, 08 ноември 2019
Знаеме дека жените генерално не сакаат да зборуваат за бројки, а најмалку за својата килажа или конфекциски број.
Сепак, дел од славните жени решиле да откријат кој број на облека носат. Дали се искрени или излажале – проценете сами:
Бијонсе своевремено призна дека носи големина 38, со што ги изненади сите.
Од друга страна, храбро објави дека по раѓањето на близнаците имала 79 килограми.
Ким Кардашијан носи големини од 38 до 40, иако многумина би рекле дека нејзиниот задник не го собира во овие броеви.
Џенифер Анистон често тврди дека претерува со тренинзи, но благодарение на тоа носи 36 и 38 конфекциски број.
Иста големина носи и Џеј Ло.
Софија Вергара обично ја собира во облека број 40.
Иако тежината на Селена Гомез знае да варира, најчесто носи фустани со големина 38.
Тежината на Ријана исто така варира, а во најслабата фаза носела креации со големина 34, додека моментално носи број 38.
М. Д. | Црнобело