Славни жени кои родиле здрави дечиња после спонтан абортус
Никол Кидман
Минатата година, актерката откри дека имала вонматерична бременост, кога била во брак со Том Круз. Пред крајот на нивната врска, таа имала и спонтан абортус.
За среќа, во 2008-ма година Никол ја роди нејзината ќерка Сандеј, а во 2010-та ја доби Феит, од сурогат мајка.
Брук Шилдс
Актерката пишуваше за нејзиниот спонтан абортус во автобиографијата во 2006-та година.
Потоа, таа ги роди ќерките Грир и Роуан.
Кортни Кокс
Во март 2019-та, ѕвездата од „Friends“ сподели дека имала многу спонтани абортуси. Сепак, Кортни не се откажала и во 2004-та година ја роди ќерката Коко.
Деми Мур
Во нејзината автобиографија „Inside Out“, актерката сподели дека изгубила ќерка во шестиот месец од бременоста, чие име требало да биде Реј Чаплин.
Ова се случило на почетокот на аферата со Ештон Кучер, во 2003-та.
Деми и Ештон немаат заеднички деца, но од првиот брак со Брус Вилис, таа има три ќерки.
Кери Андервуд
Во 2015-та година, пејачката го роди синот Исаја Мајкл, а набрзо потоа беше дијагностицирана со „секундарна неплодност“.
Следните две години, Кери имаше 3 спонтани абортуси. Во 2019-та година среќата ѝ се насмевна, па Кери го роди вториот син – Џејкоб Брајан.
Спирова С. | Црнобело