Славни жени кои родиле здрави дечиња после спонтан абортус
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2019
Ѕвездите неретко имаат проблеми со плодноста. Натрупаните распореди, скандалите и стресот се само некои од причините што многу славни дами имале спонтан абортус.
Сепак, дел од нив не се откажале и станале мајки и покрај спонтаниот абортус.
Пинк
Во април 2019-та, пејачката изјави дека имала неколку неуспешни бремености. Првата била кога имала 17 години.
„Кога се случува ова, изгледа како вашето тело да ве мрази, скршено е и не може да го прави она што треба“, вели пејачката.
Во 2011-та година, Пинк ја роди нејзината ќерка Вилоу Сејџ, а во 2016-та, синот Џејмсон Мун.
Ник Картер и Лорен Кит
Минатиот октомври, главниот вокал на Backstreet Boys и неговата сопруга го добија своето второ дете.
Пред една година, Лорен имаше спонтан абортус, но денес е горда мајка на здраво девојче.
Бијонсе
Пред да ја роди Блу Ајви, позната пејачка имаше спонтан абортус.
„Многу парови минуваат низ ова, а мојот живот беше таков. Токму поради тоа не ја рекламирав новата бременост – не знаете што ќе се случи. Беше тешко да се скрие, бидејќи семејството и пријателите знаеја“, изјави Бијонсе во 2013-та.
Мараја Кери
Првата бременост на Мараја беше неуспешна. Таа ги сподели овие вести во 2011-та, додека беше бремена со близнаците Монро и Морокан.
Денес Мараја и Ник Канон, таткото на нејзините деца, се разведени, а поп дивата не планира да има други деца.