Џон Леџенд пијан ја фалшира „All of Me“, додека жена му го снима (видео)
- Детали
- вторник, 05 ноември 2019
Криси Тајген објави видео од нејзиниот сопруг, кој под дејство на алкохол ужасно ја пее на караоке неговата песна, а таа му се смее од публика.
Можеби е сосема нормално кога вие не звучите добро на караоке, но веројатно светските пејачи не би требало да си го дозволат тоа... иако, сепак се случува.
Викендов, Џон Леџенд претерал со виното, па решил да се качи на сцена во Universal Studios и да направи забава од сам себе.
Покрај лошиот музички настап, пејачот се одлучил и за чуден аутфит - црвен комбинезон со емотикони кои симболизираат „Го сакам Џон Леџенд“.
На видеото кое го објави Криси, тој ја пее All of Me, а освен тоа што ја фалшира и ги греши зборовите, музиката во позадина воопшто не е од таа песна.
Сепак, на неговата сопруга ова ѝ е забавно и решила јавно да го исмее:
John got wine drunk and sang a song at universal studios last night pic.twitter.com/BktCPxvrLK
— christine teigen (@chrissyteigen) November 2, 2019
М. М. | Црнобело