Дуа Липа во полу-танга, Никол во мини фустан: Ѕвездите променија неколку аутфити на MTV EMA 2019
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2019
Дуа Липа ја „запали“ сцената во боди со полу-танга и двапати се пресоблече, а Никол го покажа згодното тело во две мини фустанчиња – како изгледаа ѕвездите на MTV EMA 2019?
Во неделата се одржаа MTV EMA наградите по 26-ти пат, а Дуа Липа го отвори настанот со незаборавен сценски настап.
Облечена во боди со полу-танга и црни хулахопки, 24-годишната пејачка ги привлече погледите на сите кон сцената.
Пред настапот таа се појави на црвениот тепих во црн долг фустан, а потоа повторно се пресоблече во трет аутфит – виолетов широк фустан и сатенски чизми.
На црвениот тепих вниманието го привлече и згодната Никол Шерцингер, облечена во црвен, светкав мини фустан, кој подоцна го замени со кадифен црн фустан и високи сребрени чизми.
Џоан Смолс, Дауцен Крус, Џорџина Родригез исто така не поминаа незабележано на настанот.
Погледнете ги сите аутфити:
M. M. | Црнобело