Џорџина ги откри облините во асиметричен фустан - Роналдо не ја испушти од раце на MTV EMA 2019
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2019
Викендов Џорџина Родригез се одлучи за џемпер-фустан со шлиц и деколте, кој открива повеќе од планираното, а Роналдо, облечен во црвено одело, не ја испушти саканата од раце.
Во неделата се одржаа MTV EMA наградите, а на црвениот тепих се појави Кристијано Роналдо со 25-годишната девојка.
За овој настан, Џорџина одбрала необичен, но впечатлив аутфит – син џемпер-фустан со копчиња од горе до долу, комбиниран со бели сандали.
Високиот шлиц и длабокото деколте на моменти откриваа повеќе од потребното, а фустанот кој чини 495 евра е креација на Jacquemus.
Џорџина дефинитивно привлекуваше внимание со секој чекор, а Роналдо не ги тргна рацете од неа ниту за момент:
M. M. | Црнобело