Најдолго очекуваната маска за Halloween: Хајди Клум како вонземјанин кој го нападнал Том Каулиц
- Детали
- петок, 01 ноември 2019
Хајди Клум го дава максимумот од себе секоја година за Halloween. Откако лани беше генијална во улогата на Фиона, оваа година се одлучи да биде вонземјанин.
И оваа година нејзината маска беше најдолго очекувана и проследена со шпекулации и погодувања, откако го сподели видеото од првите проби и подготовки:
46-годишниот германски модел оваа година беше вонземјанин кој безмилосно го напаѓа својот сопруг, Том Каулиц.
Маската на Хајди вклучуваше големи количини на силикон, бои и додатоци, кои дадоа реалистичен ефект.
За да се подготви ѝ биле потребни 10 часа, а дел од процесот го сподели преку Инстаграм:
Финалниот резултат изгледа вака:
М. Д. | Црнобело