„Ако сте убиени, сте изгубиле важен дел од вашиот живот“ - Најглупавите изјави на познатите
Џастин Бибер
Кога го прашаа за која партија би гласал ако е полнолетен, Бибер одговори:
„Не сум сигурен за партии. Но што и да имаат во Кореја, тоа е лошо.“
Брук Шилдс
„Пушењето убива. Ако сте убиени, сте изгубиле важен дел од вашиот живот.“
Ким Кардашијан
За нејзиниот брак со Крис Хемфрис што траеше 72 дена, Ким изјави:
„Денес зборував со една девојка која имаше рак и разговаравме за тоа колку ѝ е тешко, но дека тоа ја научило многу за тоа кои ѝ се пријатели и за животот. Таа има 18 години. А, тогаш помислив дека јас се чувствувам токму така.“
Арнолд Шварценегер
Кога го прашаа дали ги поддржува геј браковите, Шварценегер изјави:
„Не, мислам дека геј браковите се нешто што треба да биде помеѓу маж и жена.“
Далај Лама
„Мислам дека ако има женско Далај Лама, тогаш таа мора да биде многу атрактивна. Во спротивно, не би била од корист.“
Сиена Милер
„Ги сакам цигарите. Мислам дека колку попозитивен пристап имате кон пушењето, толку помалку е штетно.“
Силвестер Сталоне
„Единствениот среќен артист е мртвиот артист, бидејќи само тогаш не можете да се промените. Откако ќе умрам, веројатно ќе се вратам како четка за сликање.“