„Ако сте убиени, сте изгубиле важен дел од вашиот живот“ - Најглупавите изјави на познатите
- Детали
- вторник, 29 октомври 2019
Одвреме-навреме, секој од нас кажува нешто глупаво. Сепак, за повеќето од нас, ова лесно се заборава. Кога ќе кажете нешто глупаво, и вие и пријателите ќе се насмеете и сигурно никогаш повеќе нема да го спомнете тоа.
Но кога сте позната личност, секој ваш збор може да остане во нечие сеќавање. Особено ако сте кажале нешто навистина глупаво.
Бидејќи и познатите се само луѓе, и тие понекогаш не внимаваат што зборуваат.
А во продолжение, погледнете некои од нивните најглупави изјави.
Бритни Спирс
„Никогаш не сум сакала да одам во Јапонија. Едноставно бидејќи не сакам да јадам риба. А, знам дека е многу популарна таму во Африка.“
Кање Вест
„Јас всушност не го сакам размислувањето. Мислам дека луѓето сакаат многу да размислуваат. А јас не сакам. Не сакам воопшто да размислувам.“
Парис Хилтон
„Не, не бев во Англија. Бев во Лондон.“
Шекил О’Нил
На прашањето „Дали го посети Партенон во Грција?“, Шекил одговори:
„Не можам да се сетам на имињата на сите клубови што ги посетивме.“
Кристина Агилера
„Па, каде ќе се одржува Канскиот филмски фестивал оваа година?“
Џејден Смит
„Ако сите во светот се отпишат од училиште, ќе имаме многу поинтелигентно општество.“
Џесика Симпсон
„Дали е ова пилешко или риба? Знам дека е туна, но пишува ’Пилешко од морето‘.“