Џесика Бил како Тимберлејк од ‘90-ти: Маските на славните за Halloween 2019
- Детали
- понеделник, 28 октомври 2019
Џесика Бил се маскираше во Џастин Тимберлејк од ’90-ите, а тој ѝ беше микрофон, Карди Би пак се појави како медицинска сестра – кој ја има најдобрата Halloween маска годинава?
Секоја година славните личности ја одбележуваат Ноќта на вештерките и се појавуваат преправени со маски за кои многумина се трудат да бидат оригинални.
Иако Хајди Клум е кралица на Halloween, викендов таа се појави во обична маска, но очекуваме на нејзината забава да изгледа пооригинално и спектакуларно.
Викендов „победник“ беше Џесика Бил која се маскираше во нејзиниот сопруг, Џастин Тимберлејк, од времето кога беше дел од бендот NSYNC, а тој пак ѝ беше микрофон.
Лиса Рина се појави маскирана во Џеј Ло со легендарниот зелен Versace фустан, а и останатите имаа интересни маски и аутфити.