Хоакин Феникс, Мајли Сајрус и уште 10 ѕвезди кои се вегани

Денес веганскиот начин на исхрана е попопуларен од кога било, а голема заслуга за тоа имаат и познатите.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-01.jpg

Најчесто поради љубовта кон животните, голем број познати личности се одлучуваат за веганска исхрана, а сите тврдат дека оваа одлука им го променила животот на подобро.

Ова се познатите ѕвезди кои имаат изјавено дека се вегани:

Мајли Сајрус

Пејачката стана веганка во 2014-та година, откако којоти го убија нејзиното куче. Загубата на миленикот ѝ помогна на позната пејачка целосно да ги исфрли од употреба продуктите со животинско потекло.

Денес Мајли го користи нејзиното влијание за да ги охрабри и другите да станат вегани, а отворено ги поддржува и организациите како PETA.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-02.jpg

Лиам Хемсворт

Австралискиот актер и поранешниот сопруг на Мајли исто така е веган. Актерот се одлучи за овој начин на исхрана во 2015-та година, а дури се обидел да го натера и неговиот брат, Крис Хемсворт, да го проба веганскиот начин на исхрана.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-03.jpg

Џесика Честејн

Џесика е веган многу долго време. Цели 15 години таа била вегетаријанец, а во 2007-ма година стана веган. Причината зад оваа одлука е тоа што Џесика не сака да измачува ништо, а веганството и изгледало како најдобар начин да го постигне тоа.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-04.jpg

Бенедикт Камбербач

Со години постоеја гласини дека британскиот актер е веган. Тој го потврди ова дури во 2018-та година. Истата година, тој беше прогласен и за најубавиот веган на годината, од страна на PETA.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-05.jpg

Мишел Фајфер

Ако сакате да знаете која е тајната за изгледот на Мишел, таа ќе ви каже дека тоа е веганската исхрана. Во 2016-та година, таа сподели неколку збора за нејзиниот начин на исхрана:

„Избегнувате многу токсини кои можат да ги остарат вашите кожа и тело. Навистина забележав разлика кај мојата кожа, кратко откако станав веган.“

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-06.jpg

Елен Помпео

Во 2018-та година, една лекарска посета ја убедила Елен да стане веган. Доктор Кристи Функ била онаа која ѝ ја препорачала веганската исхрана на Елен, но и на речиси сите нејзини пациенти.

Елен смета дека овој начин на исхрана воопшто не е комплициран:

„Всушност, ова е полесно бидејќи месото треба да го приготвите пред да се расипе. Жито и леќа и ориз и грав, сè е веќе подготвено. Потребен ви е само зеленчук, а зеленчукот трае цела недела. А, мислам дека се чувствувам и многу подобро.“

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg