Хоакин Феникс, Мајли Сајрус и уште 10 ѕвезди кои се вегани
Били Ејлиш
Били стана веган во 214-та година и ги охрабрува сите нејзини фанови да го направат тоа.
Со помош на нејзиниот Instagram профил, таа се обидува да им покаже на нејзините фанови дека животните се измачувани, за ние да ги јадеме.
Натали Портман
Натали била вегетаријанец поголемиот дел од нејзиниот живот, а стана веган во 2011-та година. Оскаровката често зборува за тоа дека денес е полесно од кога било да станете веган.
Со цел да ја пренесе пораката, Натали дури се појави и како наратор во документарецот Eating Animals, во кој е прикажана реалноста во фармите во Америка.
Зек Ефрон
Во 2018-та година, младиот актер сподели дека е веган.
„Експериментирав со јадење само веганска храна. Ова целосно го помени начинот на којшто работи моето тело.“
Аријана Гранде
Љубовта кон животните на Аријана ѝ помогна да стане веган, во 2013-та година. Пејачката смета дека растителната храна може да го продолжи животот и да ве направи посреќни.
Питер Динклиџ
Уште кога бил тинејџер, Питер решил да стане вегетаријанец. Во 2014-та година, актерот се префрли на веганска исхрана.
Питер долго време е вклучен во групи кои се залагаат за правата на животните, па најверојатно ова го инспирирало да го смени начинот на исхрана.
„Купувајќи месо, јајца и млечни производи, вие плаќате за суровост“, изјави актерот.
Хоакин Феникс и Руни Мара
Хоакин и Руни не се само најталентираниот холивудски пар, туку и двајцата се вегани.
Хоакин станал веган уште како дете, после едно одење на риболов.
„За да ги онесвестат, ги удираа рибите од страната на бродот. Имав многу силна реакција. Тоа ми изгледаше како вистинска неправда.“
Руни, пак, стана веган во 2011-т а година, една година пред да го запознае Хоакин.
Спирова С. | Црнобело