Хоакин Феникс, Мајли Сајрус и уште 10 ѕвезди кои се вегани
- Детали
- вторник, 22 октомври 2019
Денес веганскиот начин на исхрана е попопуларен од кога било, а голема заслуга за тоа имаат и познатите.
Најчесто поради љубовта кон животните, голем број познати личности се одлучуваат за веганска исхрана, а сите тврдат дека оваа одлука им го променила животот на подобро.
Ова се познатите ѕвезди кои имаат изјавено дека се вегани:
Мајли Сајрус
Пејачката стана веганка во 2014-та година, откако којоти го убија нејзиното куче. Загубата на миленикот ѝ помогна на позната пејачка целосно да ги исфрли од употреба продуктите со животинско потекло.
Денес Мајли го користи нејзиното влијание за да ги охрабри и другите да станат вегани, а отворено ги поддржува и организациите како PETA.
Лиам Хемсворт
Австралискиот актер и поранешниот сопруг на Мајли исто така е веган. Актерот се одлучи за овој начин на исхрана во 2015-та година, а дури се обидел да го натера и неговиот брат, Крис Хемсворт, да го проба веганскиот начин на исхрана.
Џесика Честејн
Џесика е веган многу долго време. Цели 15 години таа била вегетаријанец, а во 2007-ма година стана веган. Причината зад оваа одлука е тоа што Џесика не сака да измачува ништо, а веганството и изгледало како најдобар начин да го постигне тоа.
Бенедикт Камбербач
Со години постоеја гласини дека британскиот актер е веган. Тој го потврди ова дури во 2018-та година. Истата година, тој беше прогласен и за најубавиот веган на годината, од страна на PETA.
Мишел Фајфер
Ако сакате да знаете која е тајната за изгледот на Мишел, таа ќе ви каже дека тоа е веганската исхрана. Во 2016-та година, таа сподели неколку збора за нејзиниот начин на исхрана:
„Избегнувате многу токсини кои можат да ги остарат вашите кожа и тело. Навистина забележав разлика кај мојата кожа, кратко откако станав веган.“
Елен Помпео
Во 2018-та година, една лекарска посета ја убедила Елен да стане веган. Доктор Кристи Функ била онаа која ѝ ја препорачала веганската исхрана на Елен, но и на речиси сите нејзини пациенти.
Елен смета дека овој начин на исхрана воопшто не е комплициран:
„Всушност, ова е полесно бидејќи месото треба да го приготвите пред да се расипе. Жито и леќа и ориз и грав, сè е веќе подготвено. Потребен ви е само зеленчук, а зеленчукот трае цела недела. А, мислам дека се чувствувам и многу подобро.“