Како подготовката за ликот на психопатот Џокер целосно го сменил животот на Хоакин Феникс?
- Детали
- понеделник, 21 октомври 2019
Професионалните актери често пати мораат да поминат низ макотрпни и застрашувачки процеси на трансформација, како физичка, така и ментална.
Глумејќи го Џокер во истоимениот филм на режисерот Тод Филипс, актерот Хоакин Феникс се соочувал со бројни здравствени проблеми.
Морал да симне речиси 24 kg за улогата, но на крајот овој процес му овозможил да ужива во своето ново тело.
Џокер е лик којшто е познат по тоа што е манипулативен психопат. Во секоја ситуација тој наоѓа хумор. Една од неговите најважни карактеристики е агилноста, поради што се чини дека е невозможно да биде фатен.
Со цел да ја прикаже неговата подвижност, Феникс изгубил многу килограми, но на крајот открил дека станал опседнат со неговата нова тежина. Зборувајќи за менталните нарушувања тој изјавил:
„Кога еднаш ќе ја постигнете саканата телесна тежина, сè се менува. Многу е тешко да се будите секој ден и да бидете опседнат макар и со вишокот тежина во износ од 100 грама. Навистина почнувате да развивате еден вид на растројство“.
Иако е познато дека драстичното губење на килограмите често пати носи и незадоволство, Феникс открил дека почнал да ужива во својата нова, витка фигура:
„Интересно е како очекував и бев подготвен дека со губењето на тежината ќе ми се појават и чувства на незадоволство, глад, одредени слабости. Но она што не го предвидов беше чувството на физичка подвижност. Чувствував дека можам да го движам своето тело на начини што до тогаш не бев во состојба да ги направам“.
Прочитајте и Ослабел речиси 24 kg, имало тензија помеѓу Феникс и Де Ниро при снимањето – 30 интересни факти за „Џокер“
(О)Милена | Црнобело