„Не сум бремена“ - Ријана по бикини и цигара во уста (видео)
- Детали
- петок, 18 октомври 2019
Доколку не сте во тек, на социјалните мрежи се раширија гласини дека позната пејачка можеби е бремена.
Најверојатно сето тоа започна кога Ријана зборуваше за жените со темна кожа за магазинот Essence.
„Јас сум жена со темна кожа. Потекнувам од жена која потекнува од жена со темна кожа и ќе родам жена со темна кожа. Тоа сум јас. Тоа е моето јадро, и во мојата душа, и во мојата ДНК“, изјави Ријана.
Но, на некој начин, социјалните медиуми ја претворија оваа изјава во потврдување на гласините за бременоста на Ријана.
Неодамна, Ријана имаше и интервју со Ана Винтур, каде што Ана ја праша дали се надевала наскоро да има деца.
„Не размислувам за тоа. Но, не знам… Божји план“, беше одговорот на пејачката.
Всушност, гласините толку многу се раширија, што во неколку интервјуа Ријана беше прашувана дали ќе има деца.
.@rihanna on her new coffee table book, her latest Vogue cover and those pregnancy rumors! https://t.co/ySzmvdH0RE pic.twitter.com/Mnq5h3Q3jQ
— ExtraTV (@extratv) October 15, 2019
Кога ја прашаа зошто толку многу луѓе се опседнати со тоа прашање, Ријана одговори:
„Не знам. Многу жени заземаат одбранбен став бидејќи е лично. Тоа се наши тела. Не секоја жена сонува да биде мајка, но јас сакам.“
Оваа изјава како дополнително да го разгори огнот.
Но, бидејќи Ријана сакала да им стави крај на гласините, решила да го направи тоа на нејзин начин.
Пејачката објави видео на Instagram, во кое носи бикини и пуши цигара.
А бидејќи некои фанови биле убедени дека станува збор за старо видео, пејачката ги замолчила на одличен начин.
Еден од коментарите е:
„Колку е старо ова?“
На што Ријана одговорилa:
„Точно од пред овој коментар.“
Па, изгледа дека на овие гласини, конечно им дојде крајот.
Спирова С. | Црнобело