Како Ријана се справува со оние кои ѝ го нарушуваат личниот простор? (видео)
- Детали
- среда, 16 октомври 2019
Дали и вие се нервирате кога некој не ви го почитува личниот простор, премногу ви се приближува и остварува физички контакт со вас? Ријана има решение за тоа...
Иако е опуштена и нема проблем со тоа да влегува во гужви, сепак таа има граници до каде некој може да ѝ влегува во личниот простор.
За време на фестивалот Rolling Loud, Рири одржа лекција како да се справите со луѓето кои не си ги знаат границите – директно и без многу толерирање.
Заедно со раперот A$AP Rocky, таа се забавуваше и уживаше во атмосферата на фестивалот за време на „рап битка“.
Rihanna casually hanging with ASAP MOB during a rap battle at Rolling Loud. pic.twitter.com/Wp64cHwpDE
— Kanye invented Gospel albums. (@yoyotrav) October 14, 2019
Во одреден момент, еден дечко се опушти и реши дека е нормално да ја прегрне и да ја стави раката околу неа, па Ријана смирено му ја тргна и го „врати“ на место.
Rihanna says nah ?? #RollingLoud pic.twitter.com/Fdi38dTmhb
— Snobette (@TheSnobette) October 14, 2019
Но, кога група луѓе почнаа да се „лепат“ до неа и да ѝ влегуваат во личниот простор, пејачката се почувствува неудобно и директно си ја побара својата приватност, кажувајќи им јасно дека ѝ треба простори да се повлечат назад.
“i need some space back the fuck back” pic.twitter.com/c44FvAsDPv
— ? ... pending. (@rihalitea) October 14, 2019
Па, ако некогаш ви е непријатно некому да кажете дека ви треба простор и не се чувствувате комфорно кога некој е толку блиску до вас, сетете се на оваа техника на Ријана. Директно и без многу толерирање...
M. M. | Црнобело