Бекамови, Кардашијанс - Најбогатите семејства во шоу бизнисот
Озборн – 470 милиони долари
Ози Озборн се прослави со неговиот бенд Black Sabbath. После реалното шоу The Osborunes од 2002-ра година, неговото богатство се зголеми.
Бидејќи во шоуто главните ликови се членовите на семејството Озборн, тие брзо станаа познати и многу богати.
Том Бреди и Жизел Бундхен – 580 милиони долари
И Том и Жизел се успешни во нивните кариери. Том Бреди е добро познат спортист, а Жизел со години важеше за модел со најголема заработка.
Парот е заедно цела деценија и имаат две деца.
Бекам – 1 милијарда долари
Дејвид и Викторија Бекам се заедно од 1997-ма година и се запознаа додека Викторија беше дел од Spice Girls, а Бекам фудбалер кој ветува многу. Заедно тие станаа уште помоќни и побогати.
Викторија денес е важно име во модната индустрија, а парот често е канет и на кралски настани.
Картер – 1,4 милијарди долари
Џеј Зи и Бијонсе се најмоќниот пар во музичката индустрија. Оваа година Џеј Зи стана првиот хип-хоп артист кој влезе во „клубот на милијардери“, а неговото богатство постојано се зголемува.
И двајцата потекнуваат од сиромашно семејство, но направија вистинска империја со нивната музика.
Кардашијан – Речиси 1,8 милијарди долари
Невозможно е да се зборува за богати и моќни семејства, а да не се спомне кланот Кардашијан-Џенер. Ова име е познато повеќе од една деценија, а Кардашијанс го имаат можеби најраскошниот живот во индустријата.
Најбогата од семејството е Кајли Џенер, која е прогласена и за најмладата милијардерка во светот.
Спирова С. | Црнобело