Бекамови, Кардашијанс - Најбогатите семејства во шоу бизнисот
- Детали
- недела, 20 октомври 2019
Некои семејства се во шоу бизнисот со генерации. Токму овие династии покажуваат дека талентот, парите и моќта често одат рака под рака.
Некои од овие семејства владеат со шоу бизнисот уште од ерата на немите филмови, а некои се прославиле неодамна.
Ова се 10-те најбогати семејства во шоу бизнисот:
Чаплин
Чарли Чаплин е едно од најпрестижните имиња во филмската индустрија. Тој се има појавено во над 130 филмови, од кои некои се сметаат за најдобри на сите времиња.
Покрај Чарли, во семејството Чаплин има 11 деца, од кои 8 се во шоу бизнисот.
Фонда – Најмалку 240 милиони долари
Кариерата на Хенри Фонда траеше повеќе од 5 децении. Актерот се покажа ви Холивуд, но и на Бродвеј.
Тој е татко на познатата актерка Џејн Фонда, како и на актерот и режисер Питер Фонда.
Копола – Над 355 милиони долари
Ова е можеби најважната династија во филмската индустрија. Најпознатото име од семејството е Френсис Форд Копола, кој сигурно го знаете како режисер на трилогијата „Кум“.
Покрај Френсис, и неговата сестра Талија е во шоу бизнисот, но како актерка. И актерот Николас Кејџ потекнува од ова семејство.
Внуката на Френсис, Софија Копола, е исто позната режисерка.
Смит – 364 милиони долари
Вил Смит го стекна своето богатство во филмската индустрија. Се прослави со серијата The Fresh Prince of Bel-Air и од 90-тите до денес, се има појавено во неколку блокбастери.
Вил е во брак со Џејда, која е актерка, продуцент и режисер, а постепено, и неговите деца почнуваат да го освојуваат светот на шоу бизнисот.
Томи Мотола и Талија – 460 милиони долари
Томи е едно од најбогатите имиња во музичката индустрија. Тој е еден од партнерите на Casablanca Records, а дел од богатството направи со компанијата Sony Music.
Томи е во брак со ѕвездата од Мексико, Талија, која е пејачка и популарна актерка во сапуници.