Џеј Ло и уште 6 ѕвезди кои не се срамеле да прошетаат по бањарка и папучи низ улиците (фото)
- Детали
- среда, 16 октомври 2019
На снимањето на нова романтична комедија, Џеј Ло се прошета низ Њујорк во бањарка и папучи, но таа не е единствена – кои други ѕвезди не се срамеле да го направат истото?
За време на снимањата, актерите често се случува да се замотаат во бањарки и да си облечат папучи или нешто удобно додека прават пауза.
Деновиве, Џеј Ло е зафатена со снимање на Marry Me, нова романтична комедија, а низ улиците на Њујорк беше забележана во бањарка и штикли, кои потоа ги замени со папучи.
Но, за славните, тука нема ништо срамно и сосема е нормално на снимање да се облечат во бањарки, а некои од нив дури не се срамат и да прошетаат пред домот во бањарки.
Погледнете дел од нив, кои удобноста ја ставаат пред сè:
Кејти Холмс
Меган Фокс
Анџелина Џоли
Блејк Лајвли
Чарли Шин
Бијонсе
М. М. | Црнобело