Славни парови кои живееле одвоено додека биле во брак

Кога си замислувате брачен пар, најверојатно замислувате и дека живеат заедно. Но понекогаш, дури ни одвоеното живеење не му штети на бракот.

slavni-parovi-koi-zhiveele-odvoeno-dodeka-bile-vo-brak-01.jpg

Многу славни парови токму вака го минуваат нивниот брачен живот, а според нив, тоа не им претставува никаков проблем.

Погледнете ги славните парови кои се во среќен брак, но сепак, живееле одвоено:

Кејли Куоко и Карл Кук

Парот се венча во јуни 2018-та година и иако ја прославија нивната прва годишнина, тие не живеат под ист покрив.

„Во животот важна е рамнотежата. Одлично ни е – ја градиме нашата куќа од соништата и наскоро ќе бидеме во нашиот заеднички дом. Нo, засега ни оди одлично. Не ми е проблем што живееме одвоено“, изјави Кејли.

slavni-parovi-koi-zhiveele-odvoeno-dodeka-bile-vo-brak-02.jpg

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук

Гвинет и Бред беа цела година во брак, пред да се преселат заедно.

Според Гвинет, Бред поминувал три ноќи неделно во неговата куќа, а четири ноќи во домот на Гвинет. Причината за ова бил совет од терапевт, за да ја одржат свежината во врската.

Гвинет има изјавено и дека нивните деца имале улога во оваа одлука:

„Мислам дека ова е бидејќи и двајцата имаме деца тинејџери, кои многу ги сакаме и сакаме да им дадеме простор и да не се селиме многу брзо.“

Таа додади и дека нејзините пријатели кои биле во брак, сметале дека овој договор за живеење бил одличен.

slavni-parovi-koi-zhiveele-odvoeno-dodeka-bile-vo-brak-03.jpg

Клер Дејнс и Хју Денси

Актерката и нејзиниот сопруг имале „брак на далечина“, додека таа ја снимала серијата Homeland во Северна Каролина, а Хју работел во Њујорк.

„На почетокот, нашите распореди беа одлично усогласени. Подоцна во врската, немавме толку среќа. Зборувавме многу, си праќавме пораки и глупави фотографии.“

Денес парот живее заедно во Њујорк.

slavni-parovi-koi-zhiveele-odvoeno-dodeka-bile-vo-brak-04.jpg

Ешли Греам и Џастин Ервин

Парот веќе го очекува нивното прво дете, но во поголемиот дел од нивната долга врска, Ешли и Џастин живееја одвоено.

Во 2016-та година, Ешли изјави дека таа живее во Њујорк, а Џастин во Лос Анџелес.

„Имаме правило - не минуваме повеќе од 2 недели без да се видиме. Прекрасно е. Ќе се сретнеме во Лос Анџелес или Њујорк. Се среќаваме во Париз, Мајами… Навистина е секси“, изјави Ешли.

slavni-parovi-koi-zhiveele-odvoeno-dodeka-bile-vo-brak-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg